Асоцијацијата на архитекти на Македонија ги поканува своите членови на настанот "Вечер на архитектурата" кој ке се одржи на 28 Јули (четврток) со почеток во 20 часот во Домот на културата во Охрид. На него на тема „Идеални слики / партикуларни реалности“ предавање ќе одржи Минас Бакачев д.и.а. Во рамките на вечерта ќе се отвори и изложба на арх.Валентино Константиновски наречена "Созревање", а ќе има и презентација на производите на компанијата Тондах.